Корисничко име Лозинка Пријави се
13.4.2018

Лига на Европа: Спектакл во Лондон

Арсенал - Атлетико Мадрид и Олимпик Марсеј - Салцбург се полуфиналните двојки во Лигата на Европа.

Најголемите фаворити за трофејот во Лигата на Европа, Арсенал и Атлетико Мадрид ќе се сретнат во полуфиналето на второто по ранг европско натпреварување.
Прв пат во историјата на Лигата на Европа ќе се сретнат овие клубови и се очекува одличен двобој на фудбалерите на Арсен Венгер и Диего Симеоне.
Арсенал до полуфиналето стигна со победите против Остерсундс, Милан и ЦСКА Москва, а Атлетико Мадрид  триумфираше против Копенхаген, Локомотива Москва и Спортинг.
Во второто полуфинале ќе играат Олимпик Марсеј и Салцбург кои веќе се сретнаа во групната фаза. Австијците на првиот натпревар славеа со 1-0, а во Франција немаше голови.
Салцбург го направи најголемото изненадување во четвртфиналето со елиминацијата на Лацио откако загуби со 4-2 на првиот натпревар. Покрај Лацио, Австријците беа подобри и од Реал Сосиедад и Борусија Дортмунд.
Марсеј до полуфиналето стигна преку Брага, Атлетик Билбао и Лајпциг.
Првите натпревари се играат на 26 април, а реваншите седум дена подоцна.
Финалето на Лигата на Европа на програмата е на 16 мај во Лион.

 

Најнови вести