15.2.2012 Басонг подготвен за настап?
Од Вулверхемптон се надеваат дека Себастијан Басонг, нивниот централен дефанзивен играч, ќе биде подготвен за натпреварот против неговиот поранешен клуб Њукасл, кој на програмата е на 25-ти февруари.
Тој во редовите
на „волците“ настапува како фудбалер на заем од Тотенхем, а веднаш по мечот од
минатото коло, кога тие загубија со убедливи 5-1 од Вест Бромич, тој беше префрлен
во болница, каде што му беа извршени медицински испитувања и беше утврдено дека
се работи за мало истегнување на лигаментите на ногата.
Стив Кемп,
главниот доктор од медицинскиот тим на Вулверхемптон, изјави: „Снимките покажаа
дека се работи за истегнување на лигаментот на зглобот на ногата и дека тој
веќе е во процес на рехабилитација, кој ќе трае најмалку десетина дена. Ќе
видиме каков прогрес ќе има и доколку сè оди по планираното и во најдобар ред,
тогаш тој ќе има големи шанси да патува за Њукасл“.