Корисничко име Лозинка Пријави се
12.4.2012

Руис ќе го пропушти остатокот од сезоната

Англискиот премиерлигаш Фулам соопшти дека Брајан Руис, напаѓачот од Костарика, ќе го пропушти остатокот од сезоната поради операција на стапалото.

Руис се повреди на натпреварот од минатото коло на англискиот шампионат, кога Фулам на гости го совлада Болтон со 3-0.
„Неопходна е мала хируршка интервенција за да се исправи оштетувањето и се проценува дека закрепнувањето ќе трае околу десет седмици“, се вели во соопштението на Фулам.
Од друга страна, рускиот напаѓач Павел Погребњак, кој во клубот дојде на шестмесечен заем од Штутгарт, ги почна преговорите за официјално да стане играч на Фулам.
Погребњак последните два меча ги пропушти поради повреда на глуждот, но во досегашниот дел од првенството постигна пет голови, вклучувајќи го и хет-трикот против Вулверхемптон.
„Преговорите почнаа, мојот агент веќе разговараше со претставниците на клубот и мислам дека постојат големи шанси да останам во Англија“, рече Погребњак.

Најнови вести