Корисничко име Лозинка Пријави се
23.12.2017

Марио Гомес се врати во Штутгарт

Германскиот фудбалер Марио Гомес се врати во Штутгарт, со кого пред десет години ја освои Бундеслигата, соопштено е вчера.

„Многу сум среќен што ќе се вратам дома, каде што сè почна за мене. Ветувам дека ќе дадам сè од себе Штутгарт да остане таму каде што му е местото“, изјави Гомес за германските медиуми.
Тој ќе потпише договор до летото 2020 година, а во Штутгарт ќе дојде од Волфсбург, кому ќе му бидат исплатени повеќе од три милиони евра за трансферот.
Гомес кариерата ја почна токму во Штутгарт, а играше уште за Баерн Минхен, Фиорентина и Бешикташ.
Штутгарт оваа сезона се врати во Бундеслигата и на зимската пауза отиде од 14-тото место, со два бода повеќе од зоната за испаѓање.

Најнови вести