Корисничко име Лозинка Пријави се
16.5.2016

Бешикташ шампион по седум години

Фудбалерите на Бешикташ ја освоија шампионската титула во Турција по седумгодишната пауза.

Тимот од Истанбул на коло пред крајот задржаа шест бода предност над градскиот ривал Фенербахче.
Бешикташ титулата ја потврди со лесна победа над Османлиспор од Анкара со 3-1 на домашен терен. Јунак на „црно-белите“ беше германскиот напаѓач Марио Гомес, кој сезонава е стрелец на 26 голови.
На Фенербахче не му значеше многу победата над вториот тим од престолнината Генчлербирлиги со 2-1.
Бешикташ по 14-ти пат во историјата ја освои титулата првак, а се пласираше директно во Лигата на шампионите. Фенербахче ќе оди во квалификациите додека Коњаспор директно во Лигата на Европа. 
Башакшехир сигурно ќе оди во квалификациите, додека пак за второто место се борат Османлиспор, Галатасарај и Касимпаша, кои ги делат два бода пред последните 90 минути.
Од лигата испаднаа Мерсин, Шивас и Ескишехир, чии навивачи буквално го запалија стадионот по поразот од Башакшехир со 2-1 во саботата.

Најнови вести