23.9.2014 Фиорентина три седмици без Гомес
Марио Гомес, напаѓачот на Фиорентина, се повреди на натпреварот од Серија А со Аталанта и ќе паузира три седмици, соопштено е на официјалната интернет-страница на клубот.
Гомес го одигра целиот натпревар, но во завршницата го повреди десниот бутен мускул.
„Гомес веќе почна со терапија, а нови анализи ќе бидат направени за десет дена. Се очекува да се врати на теренот за три седмици“, се наведува на официјалната интернет-страница на „виолетовите“.
Гомес сè уште не постигнал гол оваа сезона, а веќе имаше многу проблеми со повреди откако минатото лето од Баерн Минхен дојде во Фиренца.