05.7.2017 Бернардески се договорил со Јувентус
Италијанскиот репрезентативец Федерико Бернардески кариерата ќе ја продолжи во Јувентус, пренесоа медиумите од Италија.
Крилниот напаѓач на Фиорентина одби да го продолжи договорот и побара трансфер, а наводно веќе постигнал договор со „старата дама“.
Бернардески имал и понуди од Интер, Челзи и Баерн Минхен, но дваесет и тригодишниот фудбалер го избра Торино.
Се шпекулира дека ќе потпише петгодишен договор вреден четири милиони евра по сезона плус дополнителни бонуси, а Фиорентина би требало да заработи 40 милиони евра со дополнителни 10 преку бонуси.
Јувентус во договорот би можел да вклучи и некој од своите фудбалери, а се спомнуваат Стефан Стураро и Томас Ринкон.