Корисничко име Лозинка Пријави се
26.1.2017

Зарате потпиша за Ватфорд

Мауро Зарате, досегашниот фудбалер на Фиорентина, потпиша договор на две и пол години со англискиот премиерлигаш Ватфорд.

Дваесет и деветгодишниот Зарате минатата сезона играше за Фиорентина, во којашто дојде од Вест хем. Во текот на кариерата настапуваше за Велес Сарсфилд и за Ал-Сад, а играше и на заем за: Квинс парк ренџерс, Бирмингам, Лацио и Интер.
Тој минатата година одигра само девет натпревари за Фиорентина, но голови постигна во последните два натпревари, против Лацио (1-3) и во ремито со Наполи (3-3).
Аргентинскиот напаѓач за Ватфорд би можело да дебитира во сабота, во ФА купот против Милвол.
По 22 одиграни кола во Премиер лигата, Ватфорд  е на 14-тото место на табелата со 24 бода и се наоѓа на осум бода од зоната на испаѓање.

Најнови вести