Корисничко име Лозинка Пријави се
11.4.2014

Фиорентина ги очекува Роси и Гомес за финалето на Купот

Фудбалерите на Фиорентина Џузепе Роси и Марио Гомес би требало да се вратат во составот по повредата и да бидат спремни за финалето на Купот на Италија, објавија од клубот.

Паоло Манети, шефот на медицинската служба на Фиорентина, изјави дека Роси веќе тренира под целосно оптоварување и дека наскоро ќе се врати во тимот, а Гомес би требало да почне да тренира следната седмица.
Двајцата имаат проблеми со коленото, Роси во јануари ја обнови повредата на своето проблематично десно колено, додека Гомес левото го повреди минатиот месец.
Ако двајцата закрепнат до финалето на трети мај против Наполи, тоа значи дека имаат шанси да се најдат на списокот на селекторот на својата репрезентација. Роси беше во првиот тим на Италија, а Гомес во 59 настапи за Германија, постигна 25 голови.

Најнови вести