Корисничко име Лозинка Пријави се
11.4.2017

Роси по трет пат ги скина лигаментите на коленото

Италијанскиот напаѓач Џузепе Роси веќе по трет пат ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено.

Роси се повреди во поразот на неговата Селта од Еибар (2-0), во саботата на „Балаидос“ во Виго.
На Италијанецот ќе мора да му биде извршена нова операција, која предвидува минимално шест месеци закрепнување. Тој веќе два пати ги скина лигаментите, но на десното колено, како играч на Вилјареал и на Фиорентина, и поради тоа паузираше речиси две години.
Освен тоа, имаше и тешка повреда на менискусот. Роси има 30 години, а пред осум дена постигна хет-трик во натпреварот против Лас Палмас.
Кариерата ја почна во Манчестер јунајтед, за кого постигна четири гола на 14 натпревари, а „црвените ѓаволи“ го испраќаа на заем во Њукалс и во Парма.
Најголемиот дел од кариерата го помина во Вилјареал, во текот на шесте сезони постигна 82 гола на 192 настапи. За Фиорентина постигна 19 погодоци на 42 натпревари во текот на трите години, а во меѓувреме еден период помина на заем во Леванте.
Во Селта дојде минатото лето, исто така на заем од Фиренца, и на 27 натпревари постигна шест погодоци.
За Италија настапи 30 пати и во дресот на „аѕурите“ беше стрелец на седум погодоци.

Најнови вести