Корисничко име Лозинка Пријави се
30.7.2015

Гомес преоѓа во Бешикташ

Турскиот Бешикташ потврди дека во клубот ќе дојде германскиот напаѓач Марио Гомес од Фиорентина.

Италијанските медиуми шпекулираат дека трансферот е вреден осум милиони евра, а Гомес денес ќе стигне во Истанбул за да ги направи медицинските прегледи.
Гомес минатите две сезони играше за Фиорентина, за која настапи на 47 натпревари и постигна 14 голови. Поголемиот дел од првата сезона го пропушти поради проблеми со коленото.
Во меѓувреме, како потенцијална замена за Гомес во Фиренца се споменува српскиот репрезентативец Адем Љајиќ, кого „виолетовите“ наводно се обидуваат да го вратат од Рома.
Љајиќ пред две сезони направи трансфер во Рим за 11 милиони евра, а постигна 15 голови. Минатата сезона со Франческо Тоти беше прв стрелец на тимот во Серија А со по осум погодоци.
Претходните седмици италијанските медиуми шпекулираа дека Рома можно е да го продаде Љајиќ. Покрај него, Фиорентина наводно е заинтересирана од Рома да го доведе и Матија Дестро.

Најнови вести