Корисничко име Лозинка Пријави се
24.11.2014

Штутгарт остана без тренер

Армин Вех поднесе оставка на местото тренер на Штутгарт еден ден по поразот од 1-0 од Аугсбург, по којшто „швабите“ останаа на дното на табелата.

Вех, кој го доведе Штутгарт до шампионската титула во 2007 година, повторно го презеде клубот на почетокот на сезоната, но по трите последователни порази без ниту еден постигнат гол, одлучи да го напушти кормилото.
„Ова беше тешка одлука, бидејќи и тимот и играчите ми станаа блиски на срце. Само девет бодови од 12 натпревари, сепак, е малку“, изјави Вех во клупското соопштение.
Вех во текот на кариерата, меѓу останатите, ги водеше уште Волфсбург, Хамбургер, Ајнтрахт Франкфурт.
Штутгарт во досегашниот дел од сезоната оствари две победи, три ремија и седум порази и има три бодови помалку од Хамбургер, кој е прв тим надвор од опасната зона во Бундеслигата.
Штутгарт во следното коло гостува кај Фрајбург, кој му е ривал во борбата за опстанок.

Најнови вести