07.3.2016 Ајнтрахт во потрага по нов тренер
Германскиот бундеслигаш Ајнтрахт од Франкфурт го отпушти тренерот Армин Вех поради лошите резултати.
„Разделбата е многу тешка бидејќи имаме голема доверба во Вех. Со промената на тренерот сакаме да го продолжиме мотивот во тимот за борбата за опстанок во Бундеслигата. Ајнтрахт Франкфурт му е благодарен на Армин Вех за вложениот труд и работа“, изјави претседателот на Ајнтрахт, Хериберт Брухаген.
Вех минатото лето по втор пат се врати во Ајнтрахт, а тимот во 25 натпревари оствари само пет победи и претрпе 11 порази и се наоѓа во зоната за испаѓање.
Помошниот тренер Рајнер Гејер ќе го предводи тимот додека управата на клубот не ангажира нов тренер.
„Сакаме наскоро да ја завршиме работата. Се надеваме дека ќе успееме да го пронајдеме новиот тренер до натпреварот со Борусија Менхенгладбах, следната сабота“, изјави Брухаген.
Ајнтрахт одигра 1-1 со Инглоштад и тоа беше седми по ред натпревар на овој тим без победа. На полувремето и на крајот на натпреварот навивачите на Ајнтрахт со свирежи ги испратија своите фудбалери.