25.3.2013 Вех продолжува со Ајнтрахт
Армин Вех, 52-годишниот тренер на Ајнтрахт од Франкфурт, и следната сезона ќе седи на клупата на тој германски прволигаш.
Актуелниот договор Вех го врзуваше до крајот на оваа сезона, а германските медиуми некое време шпекулираа за неговата иднина. Се споменуваше можен трансфер во Шалке, но тоа нема да се случи бидејќи е договорено продолжување на соработката до крајот на јуни 2014 година.
„Многу сум среќен што успеавме да се договориме за продолжување на соработката“, изјави претседателот на Ајнтрахт, Хериберт Брухаген.
Некои од условите што ги постави Вех за продолжување на соработката беа зголемување на буџетот за засилувања, како и доведување млади и талентирани играчи.
Ајнтрахт моментно се наоѓа на четвртото место на бундеслигашката, но е без победа во последните шест средби.