Корисничко име Лозинка Пријави се
28.11.2017

Рурското дерби кобно за Дортмунд – и Гетце во „аут“

Марио Гетце, фудбалерот на Борусија Дортмунд, доживеа нова повреда. Во одличниот натпревар против Шалке (4-4), Борусија ја испушти предноста од четири гола, а ќе остане и без Марио Гетце, кој поради повреда на зглобот ќе паузира до крајот на годината.

Германецот го постигна третиот гол во „блицкригот“ на Борусија на стартот на натпреварот, но во 78-мата минута на негово место во игра влезе Гонзало Кастро. Гетце не можеше да го продолжи натпреварот поради многу интензивна болка во глуждот, а два дена подоцна клубот од Дортмунд потврди дека се работи за многу сериозна повреда.
Фудбалерот за кого се пишуваше дека поради автоимуна болест нема да може да ја продолжи кариерата од почетокот на сезоната игра сè подобро и повторно личи на играчот кој го реши Светското првенство 2014 година против Аргентина. Тој беше во лоша форма откако од Борусија направи трансфер во Баерн Минхен, а на тоа се надоврзаа повредите и автоимуната болест.
Новата пауза од шест седмици дополнително ќе му ја отежне работата на патот кон враќање на старата форма.

Најнови вести