11.1.2017 Бадштубер на заем во Шалке
Холгер Бадштубер, неодамнешниот стопер на Баерн Минхен, до крајот на сезоната ќе игра на заем во Шалке, потврди германскиот клуб.
За 27-годишниот играч бил заинтересиран Пеп Гвардиола, кој сакал да го доведе на „Етихад“, но „баварците“ процениле дека Шалке е вистинска средина за него.
„Благодарен сум на Баерн што ми дозволи да одам во Шалке, каде што ќе можам да играм повеќе и да се вратам во форма“, изјави Бадштубер.
Германскиот репрезентативец поради проблеми со повреди од оваа сезона одигра само 217 минути за клубот од Минхен, а од 2009 година, колку што е во Барен, одигра 177 натпревари и постигна два гола.