Корисничко име Лозинка Пријави се
02.8.2018

Трансфер вреден 1 евро меѓу Баерн и Ајнтрахт

Нико не може без брат му Роберт

Баерн Минхен требаше да плати 2,2 милиони евра оштета на Ајнтрахт Франкфурт, за да го доведе тренерот Нико Ковач. Хрватскиот стратег имаше договоро со Ајнтрахт, па баварците мораа да го откупат за раскин на таа соработка. 
Покрај Нико, на „Алијанц Арена“ пристигна и неговито брат Роберт Ковач, кој му беше асистент во тимот од Франкфурт, а и сега ќе ја има истата задача. За разлика од Нико, Роберт во Баерн дојде за само ЕДНО ЕВРО. 
„Откако беше јасно дека мора да го пуштиме Нико во Баерн, немаше како да го сопреме и брат му да си замине. Затоа се согласивме трансферот на Роберт во Баерн да биде симболичен, односно да изнесува само едно евро, за да се задржат законските одредби“, вели спортскиот директор на Ајнтрахт, Фреди Бобич.

 

Најнови вести