Корисничко име Лозинка Пријави се
30.5.2018

Левандовски го извести клубот: Сака да си оди од Баерн

Роберт Левандовски, голгетерот на Баерн од Минхен, ги извести челниците на клубот дека има намера да побара нов предизвик и да направи трансфер во друга средина.

Пини Захави, менаџерот на полскиот фудбалер, изјави дека Левандовски ги разгледува сите понуди по интересот од страна на Реал Мадрид, Челзи, Јувентус и Манчестер сити.
„Роберт чувствува дека е време за промена и нов предизвик во кариерата. Луѓето од Баерн го знаат тоа“, изјави Захави за „Билд“.
Проблем во целата приказна е тоа што на 29-годишниот напаѓач договорот му истекува дури во 2021 година, а Карл-Хајнц Румениге, директорот на Баерн, повеќе пати изјави дека нема да му дозволи на Левандовски да си оди.
Тој четири години е член на Баерн, освои четири шампионски титули на Германија и постигна дури 151 гол на 195 натпревари, но немаше успех во Лигата на шампионите бидејќи три пати е елиминиран во полуфиналето.

Најнови вести