21.2.2017 Шалке сака да го откупи договорот на Конопљанка
Евген Конопљанка оваа сезона игра за Шалке како играч на заем од Севилја, а бидејќи клубот од Гелзенкирхен е задоволен од неговите партии, налето сака да го откупи неговиот договор.
Кристијан Хајдл, спортскиот директор на Гелзенкирхен, изјави дека според договорот со Севилја, клубот има право да го откупи неговиот договор налето за 12 милиони евра.
„Иако не играше против Келн во неделата, ние сакаме да го задржиме и ќе го направиме тоа. Конопљанка може да биде многу важен играч за нас. Никој во Шалке не се сомнева во неговите фудбалски квалитети“, изјави Хајдл.
Во досегашниот тек на сезоната украинскиот фудбалер за Шалке одигра 16 натпревари и постигна пет гола.