31.5.2011 Ајнтрахт за тренер го доведе Армин Вех
Армин Вех е новиот тренер на фудбалерите на Ајнтрахт од Франкфурт, новиот германски второлигаш.
„Армин беше мојот
најголем фаворит и среќен сум што го договоривме неговото доаѓање“, изјави
спортскиот директор на клубот од Франкфурт, Бруно Хибнер.
Ајнтрахт по
катастрофалната пролетна полусезона испадна од Бундеслигата, заземајќи го
претпоследното, 17-то место.
Вех во текот на сезоната
доби отказ од Хамбургер. Ниту претходната сезоната не успеа да го дочека летото
во Волфсбург, кој го отпушти во јануари 2010 година.
Од 2006 до 2008 година
успешно го водеше Штутгарт. Во сезоната 2006/07 ја доведе германската екипа до
титулата шампион на Бундеслигата.