Корисничко име Лозинка Пријави се
26.12.2015

Ајнтрахт се засили од Гвадалахара

Тимот од Бундеслигата Ајнтрахт од Франкфурт објави дека потпишал договор со фудбалерот Марко Фабијан, досегашен играч на Гвадалахара.

„Добивме одличен играч кој постигнува многу голови, може да игра како крило, може и во средината на нападот. Има огромно меѓународно искуство“, изјави директорот на клубот Бруно Хубнер.
Фабијан е 26 годишен напаѓач, потпиша договор до летото 2019 годна, а во германскиот клуб ќе го носи бројот 10.
Тој започна во Гвадалахара, во која е од 1997 година, а во сезоната 2013/14 беше позајмен играч во Круз Азул.
За репрезентацијата на Мексико настапи 25 пати и постигна шест голови, ги освои Олимписките игри во Лондон 2012 година, а беше и член на репрезентацијата на Светското првенство во Бразил.
Ајнтрахт Франкфурт полусезоната на германското првенство ја заврши на 14-тото место.

Најнови вести