19.8.2013 Кадлец ново засилување на Ајнтрахт
Чешкиот 21-годишен напаѓач Вацлав Кадлец и официјално стана нов фудбалер на германскиот прволигаш Ајнтрахт од Франкфурт со потпишувањето на четиригодишниот договор.
„Франкфуртер рундшау“ пишува дека Ајнтрахт на Спарта Прага ѝ платил оштета од 3,2 милиони евра и дека за доведувањето на талентираниот напаѓач ја победил ЦСКА Москва.
Во дресот на сениорска репрезентација на Чешка Кадлец досега настапи во два натпревари и притоа постигна еден гол.