Корисничко име Лозинка Пријави се
27.9.2017

Хендерсон: Требаше лесно да победиме

Џордан Хендерсон, капитенот на Ливерпул, разочаран е од ремито со Спартак (1-1) во Москва во второто коло од Лигата на шампионите.

„Црвените“ доминираа на „Откритие арената“, имаа 13 удари повеќе од домаќините, но на крајот тие беа оние коишто изедначија.
Спартак поведе со голот на Фернандо од слободен удар во 23-тата минута, а изедначи Кутињо во 31-вата, по одличниот двоен пас со Мане.
„Разочарани сме. Го контролиравме натпреварот од почетокот до крајот, требаше лесно да го добиеме. Мораме пред сè да се осигуриме да не примаме вакви голови. Тоа е најважно“, изјави Хендерсон.
Во натпреварот кој беше продолжен осум минути Ливерпул имаше две одлични шанси за победа во продолжението, но во завршницата непрецизни беа Стариџ и Салах.
„Некој друг ден лесно можеше да има разлика од три или четири гола. Играта беше пристојна, но недоволна за победа. Мислам дека добро се браневме во поголемиот дел од натпреварот. Но мораме да бидеме безмилосни во завршницата“, додаде Хендерсон.
По двете одиграни кола, Ливерпул го дели второто место во групата Е со Спартак со по два бода, лидер е Севилја со четири, а во следното коло „црвените“ одат во Марибор, кој има еден бод.

Најнови вести