Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2018

Словаците патуваа до Љубљана како кралеви

Играчите на Трнава имаа половина час уживање

Фудбалерите на Спартак Трнава, кои вечерва ѝ гостуваат на Олимпија во баражот од Лигата на Европа, се пофалија дека имале и повеќе од удобен лет од Словачка до Словенија. Според фотографиите кои ги објавија, се гледа дека во авионот имале одлични услови. Тие можеа и да си легнат на седиштата кои се спуштаа и, веројатно, може да жалат само што не летаа подолго туку само околу 35 минути. 
Од Братислава до Љубљана има 400 километри и летот со авион не е долг, но фудбалерите дефинитивно имаа третман како да се претседатели или кралеви на својата држава. 
Спартак во Љубљана ќе настапи ослабен, без капитенот Борис Годал, кој има три жолти картони од претходната фаза кога играа со Црвена ѕвезда, и без најдобриот стрелец Марвин Его, па затоа „змајчеките“ ја гледаат својата шанса за пласман во групната фаза од второто по квалитет клупско натпреварување во Европа.