Корисничко име Лозинка Пријави се
25.7.2014

Ајнтрахт го доведе Пјазон

Лукас Пјазон, фудбалерот на Челзи, наредната година ќе ја помине на заем во Ајнтрахт од Франкфурт, соопшти германскиот Бундеслигаш.

Тој минатата сезона играше на заем во Витесе, каде што постигна осум голови и имаше 11 асистенции.
„Мило ни е што ја завршивме работата околу доведувањето на Пјазон. Ќе ни биде од голема помош“, изјави Бруно Хибнер, спортскиот директор на Ајнтрахт.
Бразилскиот фудбалер во 2012 година направи трансфер од Сао Пауло во Челзи, а играше уште во Малага.
Хибнер изјави дека следно засилување би можело да биде Стефан Шќеповиќ, репрезентативецот на Србија и напаѓач на Спортинг од Хихон.

Најнови вести