Корисничко име Лозинка Пријави се
19.3.2013

Првиот голман на Ајнтрахт ја скрши раката

Младиот германски фудбалски голман Кевин Трап, член на бундеслигашот Ајнтрахт од Франкфурт, ја скрши раката на подготовките на младата репрезентација на Германија и веројатно ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната.

Германската репрезентација до 21 година во недела игра натпревар против Израел, но на голот нема да биде првиот голман на франкфуртскиот клуб, кој оваа сезона е во одлична форма.
Ајнтрахт моментно се наоѓа на четвртото место на првенствената табела на Бундеслигата, со шест бодови помалку од Баер Леверкузен, кој го држи последното место кое следната година води во најелитното фудбалско натпреварување – Лигата на шампионите.
Одличната позиција на Ајнтрахт има врска и со Трап, кој оваа сезона во 26 настапи прими 37 голови.
Засега не е познато дали Трап до крајот на сезоната ќе се врати на теренот, но шансите за тоа се навистина мали, ако им се верува на лекарите на Ајнтрахт.

Најнови вести