Корисничко име Лозинка Пријави се
27.6.2018

Корејците реални пред Германија: Шансите ни се 1%

Селекторот на Јужна Кореја нема големи надежи пред натпреварот со Германија во третото коло во групата Ф на Мундијалот во Русија.

Корејците беа поразени на првите два меча, од Шведска (1-0) и од Мексико (2-1), а денес во 16 часот играат со актуелниот светски шампион во Казањ.
„Нашите медиуми знаат дека скоро половина тим ни беше повреден пред Мундијалот. Како времето минува, тимската работа станува сè подобра, но и покрај тоа нема да ни биде лесно. Ние имаме еден процент шанси, тенка надеж и ќе се трудиме да добиеме можност на чудесен начин да го завршиме ова првенство“, изјави селекторот Тае-Јонг Шин.
Слични размислувања има и најголемата ѕвезда во тимот, дваесет и петгодишниот напаѓач на Тотенхем, Хеумг-Мин Сон.
„Факт е дека Германија е многу посилна од нас, но мораме да влеземе во натпреварот со став дека можеме да ја победиме. Индивидуално се многу подобри, но верувам дека можеме – ако бидат подобри мораме да го прифатиме тоа, но ќе дадеме сè од себе“, изјави Сон.
Во вториот натпревар од групата се среќаваат досега непоразениот Мексико и Шведска.

Најнови вести