08.7.2015 Кевин Трап потпиша за ПСЖ
ПСЖ, шампионот на Франција, доби засилување на голот, денес го доведе германскиот чувар на мрежата Кевин Трап.
Трап има 25 години и доаѓа од Ајнтрахт Франкфурт, за кого во изминатите три сезони настапи 114 пати во Бундеслигата.
Кариерата ја почна во Кајзерслаутерн, а ги помина сите категории на германската репрезентација.
Со ПСЖ потпиша договор до 2020 година.