Корисничко име Лозинка Пријави се
14.4.2015

Бундеслига: Првиот стрелец нема да игра до крајот

Александер Мајер, напаѓачот на Ајнтрахт од Франкфурт, ќе паузира до крајот на сезоната поради повреда на коленото, пренесе агенцијата „АП“.

Првиот стрелец на Бундеслигата наскоро ќе мора да оди на операција на коленото, соопшти Ајнтрахт. Мајер моментно води во германскиот шампионат со 19 постигнати голови, пред Арјен Робен и Роберт Левандовски, фудбалерите на Баерн Минхен, коишто постигнаа 17, односно 16 голови.
Робен, исто така, не игра поради повреда, така што Левандовски би можело втор пат последователно да ја освои титулата најдобар стрелец.
Полскиот фудбалер минатата сезона постигна 20 голови, додека играше за Борусија од Дортмунд.

Најнови вести