Корисничко име Лозинка Пријави се
06.1.2012

Џонс доби забрана за настап до први март

Дисциплинската комисија на Германската фудбалска федерација го казни Џермејн Џонс, офанзивниот играч за врска на Шалке, со забрана за играње дури до први март.

Репрезентативецот на Америка во тој период нема да има право на настап ниту на пријателски натпревари за својот клуб, а оваа суспензија значи дека тој ќе ги пропушти првите шест кола од продолжението на сезоната во Бундеслигата.
Џонс е прогласен за виновен откако намерно го згазна Марко Ројс во поразот од Менхенгладбах, во осминафиналето на Германскиот куп.
Судиите тој потег не го видоа, но не им избега на телевизиските камери, така што поранешниот фудбалер на Ајнтрахт Франкфурт, Баер Леверкузен и Блекбурн не се извлече од казната.

Најнови вести