14.4.2014 Баерн продолжува да се засилува
Себастијан Роде, фудбалерот од средината на теренот на Ајнтрахт од Франкфурт, кариерата ќе ја продолжи во Баерн од Минхен, соопшти актуелниот шампион на Европа и на Германија.
Роде потпиша четиригодишен договор и налето ќе направи трансфер на „Алијанц арената“, а финансиските детали на договорот не се соопштени.
„Многу сум среќен поради трансферот. Баерн е следниот чекор во мојата кариера. Сакам да напредувам и да освојам многу трофеи со идните соиграчи“, изјави 23-годишниот Роде.
Тој во Ајнтрахт дојде во 2010 година од Офенбах за 300.000 евра и досега во Бундеслигата одигра 94 натпревари и постигна четири голови.