Корисничко име Лозинка Пријави се
10.7.2012

Челзи му го украде Оскар на Тотенхем

Оскар дос Сантос Ембоаба Жуниор, 20-годишниот играч за врска на Интернасионал од Порто Алегре, веројатно е новото засилување на европскиот шампион Челзи, пишува „Дејли мејл“.

Според истиот извор, еден од најталентираните млади фудбалери на светот Челзи го украде од пред нос на градскиот ривал Тотенхем, односно на својот поранешен менаџер Андре Вилаш-Боаш.
Минатата седмица англиските медиуми објавија дека за младиот Бразилец Вилаш-Боаш му испратил понуда на Интернасионал од 11 милиони фунти. Потоа стана јасно дека сумата е премала и дека Тотенхем за Оскар е спремен да плати рекорден износ за трансфер во клупската историја: 18 милиони фунти.
Но и таа цифра се чини мала според онаа која за бразилскиот олимписки репрезентативец ја понуди Роман Абрамович: 25 милиони фунти.
Иако на засилувања во офанзивниот дел на редот за врска , Германецот Марко Марин и Белгиецот Еден Азар, веќе потроши 42 милиони фунти, Челзи не застанува. Во иднина Роберто ди Матео од нагласена одбрана, би можело да добие раскошна екипа во која креативноста во редот за врска ќе стане силна страна на клубот од „Стемфорд бриџ“. Сè поблиску до првиот тим е и 18-годишниот Лукас Пјазон, уште едно бразилско чудо од дете кое во клубот стигна минатото лето од Сао Паоло како еден од најбараните бразилски играчи во Европа.

Најнови вести