Корисничко име Лозинка Пријави се
30.7.2014

Валдес две години во Ајнтрахт

Германскиот Ајнтрахт од Франкфурт соопшти дека потпишал двегодишен договор со парагвајскиот напаѓач Нелсон Валдес.

Валдес со тоа ќе се врати во Бундеслигата, каде што играше за Вердер од Бремен и Борусија од Дортмунд. Тој со Вердер во 2004 година ја освои двојната круна, а во Дортмунд работеше со тренерот Томас Шаф, кој сега го предводи Ајнтрахт.
Парагваецот одигра 193 натпревари за Вердер и Дортмунд и постигна 36 голови.
Триесетгодишниот Валдес играше уште за Еркулес, Валенсија, Рубин од Казањ и Ал-Џазира, од каде што во јануари оваа година отиде на заем во Олимпијакос.
За репрезентацијата на Парагвај одигра 67 натпревари и постигна 12 голови.
Германските медиуми пренесоа дека Ајнтрахт е заинтересиран и за Португалецот Уго Алмеида.

Најнови вести