Корисничко име Лозинка Пријави се
12.12.2012

Валенсија еден месец без Валдес

Шпанскиот фудбалски прволигаш Валенсија остана без парагвајскиот напаѓач Нелсон Валдес најмалку еден месец поради повреда на задниот дел на бутниот мускул.

Според пишувањата на шпанскиот „Ас“, Валдес, кој настапува во Примера лигата како играч на заем од рускиот клуб Рубин од Казањ, се повреди на тренинг, а дополнителните тестови покажаа дека станува збор за потешко оштетување на мускулот, па закрепнувањето ќе трае дури и до еден месец.
Валдес, кој во 13 натпревари на првата шпанска лига постигна два погодоци, поради повредата ќе ги пропушти средбите против Рајо Валјекано, Хетафе, Гранада, реванш-натпреварот од Кралскиот куп против Осасуна, а можеби и средбата против Севилја.
Валдес на заем во Валенсија ќе биде сè до 30-ти јуни наредната година, по што, како што стојат работите сега, се враќа во Русија.

Најнови вести