28.6.2018 Кансело во Јувентус за 40 милиони
Португалскиот фудбалер Жоао Кансело е нов фудбалер на Јувентус во трансфер вреден 40 милиони од Валенсија.
Кансело ги мина лекарските прегледи во Торино по што потпиша петгодишен договор со три милиони евра годишна плата.
Кансело минатата сезона ја мина како позајмен фудбалер од Валенсија во Интер и пружи одлични партии во Серија А.
Претходно играше и за Бенфика, додека за репрезентацијата на Португалија има седум натпревари и три постигнат гола, но не влезе во составот за Мундијалот во Русија.