Корисничко име Лозинка Пријави се
22.2.2018

Кондогбија: Ќе дадам пари само за да не се вратам во Интер

Жофреј Кондогбија оваа сезона одигра добри партии во дресот на Валенсија, за која настапува како играч на заем од Интер.

Валенсија на крајот на сезоната ќе може да го откупи неговиот договор за 25 милиони евра, но проблемот е во тоа што Шпанците немаат толку пари да издвојат.
Доколку двата клуба не се договорат, фудбалерот ќе мора да се врати во Италија, а тоа воопшто не му се допаѓа.
„Не сакам да се вратам во Интер, ако треба ќе соберам пари да платам од својот џеб 25 милиони, но таму не сакам да одам“, изјави францускиот фудбалер, кој имаше две лоши сезони во Интер, но во Валенсија се прероди.
„Интер е како бордел, за две години поминаа пет тренери, секоја година го менува тимот. Никако не можеш да се вклопиш, да играш во континуитет. Потребна е стабилност да им веруваш на играчите и на тренерот и кога не оди, а тоа го нема таму“, изјави Кондогбија.

Најнови вести