Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2018

Не се наметна ниту кај Сари: Батшуаји повторно на позајмица

Белгискиот голгетер сезонава ќе ги брани боите на Валенсија

Напаѓачот на Челзи, Мичи Батшуаји се пресели во редовите на Валенсија како позајмен играч до крајот на сезоната, со опција за откупување. Шпанскиот клуб ќе исплати три милиони евра отштета.

Батшуаји не успеа да ја добие довербата од новиот предвоник на „сините“, Маурисио Сари, па по успешната позајмица во Борусија Дортмунд, ќе се обиде да ја репризира формата на „Месталја“. Белгискиот напаѓач постигна девет погодоци на 14 настапи за „милионерите“ минатата сезона, пред да го повреди зглобот во Април.

Најнови вести