Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2012

Нелсон Валдес се пресели во Валенсија

Од шпанскиот фудбалски прволигаш Валенсија потврдија дека постигнале договор со Рубин од Казањ за купување на 28-годишниот напаѓач Нелсон Валдес.

Парагваецот минатото лето од шпанскиот Еркулес премина во Рубин, но не беше посебно ефикасен. Претходно четири сезони помина во Борусија Дортмунд, а прва европска станица му беше Вердер.
„Скапо го плативме доаѓањето на Нелсон бидејќи ужива голема популарност во Рубин. Но за нас тој е многу важен играч и добро ќе се надополнува со напаѓачите коишто веќе се во клубот. Нелсон има сила, волја и брзина, а ќе ни донесе и голови. Имаме голема доверба во него“, истакна Браулио Васкез, спортскиот директор на Валенсија, а притоа не откривајќи колку скапо е платено доаѓањето на Валдес.

Најнови вести