Корисничко име Лозинка Пријави се
26.2.2013

Валдес во Валенсија до 2015 година

Шпанскиот фудбалски прволигаш Валенсија се согласи да го откупи договорот на 29-годишниот парагвајски напаѓач Нелсон Валдес од рускиот Рубин од Казањ.

Валдес во Валенсија дојде минатото летото, а заемот беше договорен со можност за трајно откупување на неговиот договор.
„Среќен сум што ќе останам во Валенсија уште две години. Клаузулата во договорот неодамна е активирана и сега официјално ѝ припаѓам на Валенсија“, изјави Валдес.
Парагваецот оваа сезона главно е користен како џокер од клупата, а постигна осум голови во 31 настап во сите натпреварувања.

Најнови вести