Корисничко име Лозинка Пријави се
17.10.2011

Шалке без првиот голман неколку седмици

Ралф Ферман, голманот на Шалке, би можело да биде надвор од теренот на подолг период поради повреда на коленото што ја заработи во судир со напаѓачот на Кајзерслаутерн во саботата.

Ферман се повреди во 28-та минута, откако во својот шеснаесетник невнимателно се судри со напаѓачот Дорж Куемах, а притоа заработи и црвен картон. Шалке на својата интернет-страница објави дека дваесет и тригодишниот голман ги повредил лигаментите на левото колено и дека ќе биде надвор од терените неколку седмици.

Во деновите што следат голманот ќе биде испитуван од медицинскиот тим за да се види колку точно ќе отсуствува од терените. Ферман ова лето дојде во Шалке од Ајнтрахт Франкфурт и за релативно кратко време се покажа како прв и најдобар избор за позицијата прв голман.

Најнови вести