Корисничко име Лозинка Пријави се
21.3.2013

Ајнтрахт неколку седмици без Замбрано

Карлос Замбрано, 23-годишниот перуанскиот фудбалски репрезентативец во редовите на Ајнтрахт од Франкфурт, ќе отсуствува од теренот неколку седмици поради повреда на левото рамо.

Се верува дека со повредата се здобил минатата недела во бундеслигашкиот судир против Штутгарт при незгодно паѓање на грбот, иако споменатиот натпревар го одигра до крај.
Повредата ја открија во таборот на репрезентацијата на Перу, која ја чека квалификациската средба за Светското првенство против Чиле, а Замбрано веќе е на пат за Германија, каде што ќе се лекува.
Замбрано оваа сезона е редовен првотимец на Ајнтрахт и одигра 23 бундеслигашки натпревари. Неговото отсуство и она на Кевин Трап (фрактура на метакарпалната коска) се тежок удар за Ајнтрахт во борбата за Лигата на шампионите (моментно се наоѓа на четвртото место, кое води во квалификациите за Лигата на шампионите).

Најнови вести