Корисничко име Лозинка Пријави се
25.12.2017

Трап го напуштa Париз, ќе се пресели во Ливерпул?

Кевин Трап, голманот на ПСЖ, сака да го напушти клубот во јануарскиот преоден рок бидејќи е незадоволен од малата минутажа, изјави неговиот менаџер.

Трап, кој во јули 2015 година за околу десет милиони евра од Ајнтрахт од Франкфурт направи трансфер во ПСЖ, оваа сезона не успеа да се избори за место во првиот тим.
„Ако се укаже шанса, Кевин ќе го напушти Париз“, изјави менаџерот Јерг Нојбауер, а пренесе „Омниспорт“.
Британските медиуми пренесоа дека за 27-годишниот германски голман е сериозно заинтересиран Кристал палас, но и Ливерпул, каде што се загрижени за формата на Симон Мињоле.
Трап минатиот месец изјави дека сака редовно да игра за да ги зголеми неговите шанси да оди со репрезентацијата на Германија на Светското првенство во Русија наредното лето.
Француските медиуми пренесоа дека ПСЖ за Трап ќе бара околу 15 милиони евра.
Се шпекулира дека и Хавиер Пасторе во јануари би можело да го напушти „Паркот на принцовите“.

Најнови вести