Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2013

Елдер Поштига ги засили редовите на Валенсија

Португалскиот фудбалер Елдер Поштига (31) е новиот играч на шпанските прволигаши Валенсија, во која пристигнува како замена за Роберто Солдадо, новиот играч на Тотенхем.

Валенсија на Сарагоса ќе и плати 3.1 милиони евра за поранешниот напаѓач на Спортинг од Лисабон кој во последните две сезони постигна 23. погодоци. Ова лето Валенсија освен што остана без споменатиот Солдадо, остана и без Нелсон Валдес кој замина во клубот од емиратите Ал-Џазира.
Валенсија ќе биде седмиот тим во кариерата на португалскиот репрезентативец, кој досега има 61 настап во националниот дрес, со постигнати 26 голови.

Најнови вести