Корисничко име Лозинка Пријави се
31.3.2016

Хилдебранд заминува во пензија

Германскиот голман Тимо Хилдебранд ја заврши својата кариера во 36-тата година како играч на Ајнтрахт Франкфурт.

Хилдебранд ќе остане запаметен како рекордер во Бундеслигата по бројот на минути без примен гол, 885, како голман на Штутграт.
„Сè уште не можам да верувам колку долго издржавме без примен гол. Тоа беше успех за целиот тим, меѓутоа, верувам дека Мануел Нојер во Баерн еден ден ќе го собори тој рекорд“, додаде Хилдебранд.
Токму со Штутгарт го оствари најголемиот успех во кариерата кога во 2007 година стана шампион на Германија.
Хилдебранд бранеше уште за Хофенхајм, Шалке, Спортинг и Валенсија, а седум пати настапи и за Германија, чиј член беше на Европското првенство во 2004 година и на Мундијалот во 2006 година.
„Го сакам фудбалот како и претходно, но годините не можеме да ги сопреме. Сепак 17 години професионален фудбал остави траги“, изјави Хилдебранд, кој се повлече пред крајот на сезоната поради проблеми со колкот.

Најнови вести