Корисничко име Лозинка Пријави се
01.12.2014

Клоп: Нема да си заминам додека не дојде подобар

Јирген Клоп, тренерот на фудбалерите на Борусија Дортмунд, изјави дека ќе продолжи да се бори за да се промени ситуацијата на неговата екипа во Бундес лигата.

„Себеси се сметам за целосно одговорен. Не постои тенденција да се промени тренерот. Додека некој не дојде и не ми каже поинаку, јас нема да си заминам. Нема да си заминам додека не се најде подобро решение“, изјави Клоп за германските медиуми по натпреварот.
Борусија е последна на табелата на Бундеслигата, откако вчера изгуби од Ајнтрахт во Франкфурт со 2-0, во 13-тото првенствено коло.
„Ако овде се работи само за среќа и ако промената на тренерот би гарантирала враќање на среќата, јас нема да правам проблеми и ќе го ослободам местото“, изјави тренерот на вицешампионот на Германија.
Навивачите на Борусија со свиркање ги испратија своите играчи.
„Ние не им олеснуваме. Свиркањето е разбирливо. Што да кажам друго? Се соочуваме со голем предизвик“, изјави Клоп.
Борусија во наредното коло на Бундеслигата ќе го дочека Хофенхајм.

Најнови вести