17.5.2011 Даум го напушта Ајнтрахт
Криштоф Даум го заврши својот мандат на клупата на Ајнтрахт од Франкфурт, по испаѓањето на клубот во втора лига.
57-годишниот стручњак помина
само 55 дена на клупата на Ајнтрахт. Не успеа да добие ниту еден од седумте
натпревари откако дојде на новата работа на 22-ри март, а извлече само три
ремија, недоволно за да може клубот да го сочува прволигашкиот статус.
Ајнтрахт најави дека
Даум, со кого и онака имаше договор само до крајот на сезоната, нема да остане
на својата функција. Надзорниот одбор на клубот на својот состанок ќе расправа
за неговата иднината, а засега сè уште не се знае кој ќе биде новиот тренер.