Корисничко име Лозинка Пријави се
16.5.2012

Селта го дoигра прекинатиот натпревар и обезбеди победа

На вчерашниот натпревар меѓу Гвадалахара и Селта на десет минути до крајот на натпреварот, на стадионот „Педро Ескартин“ три од четири рефлектори откажаа, па поради тоа немаше услови мечот да се доигра таа вечер, но беше продолжен денеска, а Селта имаше предност од 3-0 и ја задржа до крајот.

Се играше 82-та минута кога публиката беше сведок на несекојдневен настан - откажаа рефлекторите и настана вистински мрак на стадионот. Луѓето задолжени за светлината на стадионот се обидоа да сторат сè што е во нивна моќ да го оспособат стадионот за да се доигра натпреварот, но во тоа не успеаја.
Се чекаше околу половина час, а тогаш гостинот беше во водство од 3-0, па на крајот се одлучи мечот да продолжи денес во раните утрински часови. Останатите десетина минути се одиграа, а Селта успеа да ја задржи предноста и да оствари огромни бодови во борбата за првите две места на табела, кои директно водат во Примера лигата.

Најнови вести