Корисничко име Лозинка Пријави се
13.2.2017

Симеоне: Пресвртот беше малку веројатен...

Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, по големиот пресврт и победата на неговиот тим против Селта во 22-рото коло на Примера лигата, им се заблагодари на навивачите за големата поддршка.

„Јорганџиите“ до 86-тата минута губеа со 2-1, а во првото полувреме, при резултат 1-1, Фернандо Торес не реализира пенал.
„Нашето враќање во овој натпревар беше малку веројатно, но останавме мирни и остваривме победа благодарение на огромната поддршка на нашите навивачи. Кога резултатот беше 1-2, тие продолжија да нè туркаат напред“, изјави Симеоне.
Атлетико со 42 освоени бода е четврти на табелата, со седум бодови помалку од лидерот Реал, кој има два натпревари помалку, и со шест од второпласираната Барселона.
Аргентинскиот тренер даде коментар за пропуштениот пенал на Торес.
„Би било одлично кога би имале повеќе пенали и погодоци. Меѓутоа, грешките се дел од фудбалот. Шутирањето пенали на тренинзите и пред, 30, 40 илјади навивачи не е исто. Ситуацијата станува поинаква. Се надеваме дека ќе го решиме овој проблем, бидејќи најстрогата казна во гол мора да се претвори со ладна глава“, додаде Симеоне.
Атлетико во следното коло гостува кај Хихон, а потоа ја дочекува Барселона на „Висенте Калдерон“.

 

Најнови вести