Корисничко име Лозинка Пријави се
21.4.2017

Лига на Европа: Јунајтед со Селта во полуфиналето

Англискиот гигант Манчестер јунајтед ќе игра против Селта во полуфиналето на Лигата на Европа.

Шпанскиот клуб ќе биде домаќин на првиот меч на 4-ти мај во Виго, а реваншот ќе се игра на 11-ти мај на „Олд Трафорд“.
Во второто полуфинале ќе се сретнат Ајакс и Олимпик Лион, а првиот натпревар се игра во Амстердам.
Формален домаќин во финалето ќе биде подобриот од дуелот меѓу Ајакс и Лион, а финалниот натпревар е закажан на 24 мај на „Френдс арената“ во предградието на Стокхолм Солни.
Победникот во Лигата на Европа ќе се пласира во Лигата на шампионите следната сезона.

Најнови вести