Корисничко име Лозинка Пријави се
29.6.2011

Мексико суспендира осум репрезентативци пред Копа Америка

Раководството на мексиканската репрезентација одби да објави зошто вчера суспендира осум свои фудбалери, но медиумите откриваат дека причините за тоа е инцидент поврзан со проститутки.

Само три дена пред почетокот на Копа Америка, на која Мексико ќе настапи како гостин со подмладена репрезентација, одеднаш се суспендирани осум фудбалери, меѓу кои и дваесет и едногодишниот играч за врска на Барселона Џонатан дос Сантос. Освен нему, казна од шестмесечна забрана за играње за репрезентацијата им е изречена и на Исраел Хименес, Нестор Видрио, Марко Фабијан, Јорхе Ернандес, Хавиер Кортес, Давид Кабрера и Нестор Калдерон.

Според извори од Мексиканскиот фудбалски сојуз, до инцидентот дошло  по пријателскиот натпревар во Еквадор. Неколку играчи пријавиле дека им исчезнале некои работи од хотелските соби, наводно поради провала. Но хотелскиот персонал го отфрлил таквото тврдење и со видео-снимки потврдил дека играчите во собите донеле проститутки кои, очигледно, одлучиле дополнително да си наплатат за своите услуги.

Директорот на репрезентацијата Ектор Гонзалес дека посрамените осуммина на Копа Америка (од први до 24-ти јули) во Аргентина ќе ги заменат Едгар Пачеко, Алан Пулидо, Алварес, Емилио Орантиа, Антонио Галјардо, Улисес Давила, Диего де Буен и Освалдо Аланис.

Најнови вести